Дуња Иванова е нов државен првак во велосипедизам

Дуња Иванова од велосипедскиот клуб ,,Енерџи” од Скопје е годинешниот државен првак во велосипедизам.

Таа освои три први места на Државното друмско-ридско, Државното друмско – хронометар и Државното првенство во планински велосипедизам, а во организација и како дел од годишниот календар на Велосипедската федерација на Македонија.

Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во спортските кругови во текот на една календарска година.

Иванова по професија е концертен пијанист и наставник, воедно и доктор на науки по естетика и автор на неколку книги и публикации.