Државниот студентски центар ќе добие 1,5 милиони евра од Владата за подмирување на тековни трошоци

Државниот студентски центар во Скопје ќе добие од Владата 1,5 милиони евра за подмирување на трошоците за струја , парно/мазут, комунална хигиена и вода.

Оваа одлука беше донесена на редовната владина седница одржана на 18 јуни, информираат од државниот студентски дом.

„Станува збор за средства кои Државниот студентски дом – Скопје не може да ги предвиди и планира од сопствениот буџет со оглед состојбата во која се наоѓаа сите студентски домови предходните години. Ова е трета финансиската помош од Владата и со оваа поддршка Државниот студентски дом-Скопје го затвора долгот за режиските трошоци“, стои во соопштението.

Мината недела Собранието на РСМ го усвои дополнувањето на Законот за студентскиот стандард во кој покрај режиските трошоци како досега, Владата може финанскиски да помогне и кај другите трошоци кои се однесуваат на исхраната и одржувањето. Неодамна беше најавена и реконструкција на првата зграда од комплексот згради во студентскиот дом „Стив Наумов“.