Полагањето државна матура во августовскиот испитен рок ќе почне во вторник (18 август) и ќе трае до 21-ти август во средните училишта. Во вторник ќе полагаат оние матуранти кои во јуни не беа тестирани или пак паднаа по некој од предметите на матурата.
Според програмата, на 18 август ќе се одржи испитот по задолжителниот предмет мајчин јазик и литература. Следниот ден ќе полагаат матурантите кои одбрале странски јазик. Во четврток ќе се спроведе испитот по математика, додека во петок се испитите по естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.
Според податоците од МОН, на ова тестирање ќе треба да се појават 2229 матуранти кои не полагале во јуни. Полагањето ќе почне од 10 часот и предвидува тестирање по три екстерни и еден интерен предмет.
Во јуни матура полагаат околу 18 илјади матуранти кои постигнаа среден успех од 3.37, по сите предмети.