Државен студентски центар: Го поправаме дефектот во „Гоце“, студентите ќе добијат топла вода

Државниот студентски центар соопшти дека дека поради пукнат вентилен систем во прекин е доводот на топла вода во студентскиот дом „Гоце Делчев“ . Посочуваат дека екипите веќе работат на поставување нов систем, и очекуваат денеска проблемот да биде решен.

„Ја известуваме јавноста дека дефектот е во Б-блок и се однесува на промена на вентил, склопка, пумпи и греачи“, посочуваат од Државниот студентски центар „Скопје“ и демантираат дека поправката чини само 800 денари.

Утринава студенти од „Гоце Делчев“ јавно се пожалија дека трет ден немаат топла вода и дека немаат најави кога проблемоот ќе биде решен. Тие посочија дека во разговор со мајсторите во домот им било кажано дека се работи за дефект од 800 денари.

Студенти од „Гоце Делчев“ се жалат дека три дена се без топла вода

Од Државниот студентски центар сооптија дека неодамна го решиле проблемот на студентите во А-блок во истиот студентски дом, кој иако е реновиран пред неколку години, поради неправилното поставување на системот за вода, топллата вода стигнувала само до третиот кат.

„Етапно работиме на решавање на ваквите проблеми кои се јавуваат речиси секојдневно како последица од навистина дотраената водоводна и парно инсталација. Вршиме смена на пумпите за вода и парно во сите домови. Ова е посериозен зафат со кој во голема мера ќе се решат проблемите особено во зимскиот период“, посочуваат од Државниот студентски центар.

Во моментов, додаваат, се работи  и во прва и втора машка зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“. Поради бучноста на топлотната пумпа на барање на студентите се работи на нејзина смена заради што во моментов без  парно греење се студентите од овие две згради.

Државниот студентски центар напоменува дека поради наследениот долг оневозможено е нормалното функционирање на домовите. Во таа насока неодамна побарале помош од МОН, министерството за финансии и министерството за информатичко општество за учествуваат со зголемена партиципација со што повторно би се нормализирала работата во домовите.