„Друга приказна“ #10 од 10 до 12 октомври во „Јадро“

Во културниот центар „Јадро“ во Скопје од 10 до 12 октомври 2025 година ќе се одржи вториот дел од книжевниот фестивал „Друга приказна“ #10, организиран од „Темплум“.

ПРОГРАМА

ПЕТОК, 10.10.25.

12.00. – Прогласување на победникот на конкурсот за најдобар дебитантски ракопис Новите! за 2025;

18.00. – Разговори и презентации: Миклавж Комељ (Љубљана) – Како да се мисли партизанската уметност; Лујо Парежанин (Загреб) и Сања Хорватинчиќ: Куќа, слово, папир – Од партизанската уметност до материјалната култура на НОБ;

20.30. – Промоција на списанието Маргина #97 и изложба: првите пет години на Друга приказна низ фотографии (изложуваат: Ванчо Џамбаски, Јелена Белиќ, Небојша Гелевски и Жарко Трајаноски);

21.00. – Врачување на главната награда на фестивалот на Светлана Слапшак (Љубљана); разговорот го води Никола Гелевски.

САБОТА, 11.10.25.

17.00. – Марија Арсенкова (Скопје) разговара со Мила Јовановиќ и Александар Кендришиќ, членови на студентското движење во Србија (Нови сад – Белград);

19.00. Презентација: Арпад Лебл во Битола (1936) – една предисторија на локалниот антифашизам – Ивана Хаџиевска (Битола);

20.00. – Одбележување 80 години од победата над фашизмот во Македонија и Југославија; АНТИФАШИЗМОТ ДЕНЕС, тркалезна маса: Миклавж Комељ, Елена Меснер, Ивана Хаџиевска и Никола Гелевски;

21.30. Концерт: Партизански песни – Мариана Бошковска и Димитриjе Бужаровски.

НЕДЕЛА, 12.10.25.

12.00.-15.00. – Работилница со ШКАРТ / 2 (Белград)

ПЕС ПЕВ СКАК СКАК / Нови песни на бунтот
(растурање напишани зборови и составување ненапишана музика)
работилница за препакување на раскази и песни во кратки музичко-ритмички форми
(донесете своја или туѓа поезија или проза и од неа ќе направиме микропесни за протести, пеење и скокање)

17.00. – Претставување на книгата Women and Partisan Art – Елена Меснер (Виена);

18.00. – Непрофитни медиуми, разговор – Бојан Шашевски (Скопје) разговара со Саша Ќириќ (Белград) и Лујо Парежанин (Загреб);

20.00. Разговор на Ивана Јовановска со Никола Гелевски, главниот уредник на Темплум и Друга приказна;

21.00. – 20 години награда „Новите!“, вечер на победниците.