Драмски, Македонски народен театар и Театар Комедија во Скопје соопштија дека поради препораката на Владата за превенција од ширење на новиот коронавирус, ги прекинуваат нивните репертоари до 6 март.
Од Драмски информираат дека ја откажуваат претставата „Луди за љубов“, која требаше да се одигра утре.
По препорака на Владата на РСМ, НУ Драмски театар Скопје ќе прекине со репертоарот до 6.3.2020г. Сите оние кои купиле билет, истиот може да го заменат за друга претстава или средствата да им бидат вратени.
Posted by Драмски Театар Скопје on Friday, 28 February 2020
„Билетите доделени како гратиси, добитниците може да ги заменат за друга претстава на билетарницата на Драмскиот театар – Скопје“, стои во соопштението.
Од МНТ и Театар Комедија, пак, велат дека за продолжување со редовниот репертоар, дополнително ќе ја информираат јавноста.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ЈАВНОСТА – Препорака за откажување на сите поголеми јавни собири до 6 мартВо согласност со препораката…
Posted by Македонски народен театар on Friday, 28 February 2020
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Препорака за откажување на сите поголеми јавни собири до 6 мартВо согласност со препораката на…
Posted by NU Teatar Komedija on Monday, 2 March 2020
Владата во петокот издаде препораката за откажување на поголемите јавни собири, спортски настани и забавни и културно-уметнички манифестации до 6 март. Препораката се однесува на поголемите јавни собири кои се планирани периодов, како Струмичкиот карневал и карневалот „Прочка“ во Прилеп. Исто така, Владата препорача да нема публика на спортските натпревари.