Донаторска акција во Дуња

Социјалниот центар „Дуња“ организира донаторска акција за собирање на храна, облека, средства за хигиена, училишен прибор и парични средства во услови на зголемена невработеност.

Донаторската акција ќе се отвори на 8 декември, во вторник и ќе трае од 11 до 14 часот.

„Во услови на зголемена невработеност и поскапување и на основните артикли за исхрана, многу луѓе останаа да висат на работ на егзистенцијата. Наша задача е да бидеме солидарни и да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно“, објаснуваат од „Дуња“.

Заинтересираните своите донации ќе можат да ги однесат во дворот на центарот, каде ќе бидат пречекани од волонтерите со заштитна опрема кои ќе ги преземат донациите.

Од „Дуња“ нагласуваат дека собраните донации ќе бидат распределени на социјални случаи, а дел од производите ќе бидат поделени на оние кои имаат потреба.