Доналд и Хобс – корисниците на „Reddit“ го претворија претседателскиот кандидат во разгалено дете од стрип

На популарниот форум Reddit веќе некое време постои „subreddit“ посветен на Доналд и Хобс, комбинација од гафовите на претседателскиот кандидат Доналд Трамп, и стрипот „Калвин и Хобс“ на Бил Ватерсон.

Наместо лицето на познатиот лик Калвин, во стриповите може да се види „изрежана“ главата на Трамп, а текстот е инспириран од кандидатот на Републиканската партија, се со цел да има малку хумор во „мрачните времиња“, пишува на Reddit.

Темата на форумот е отворена уште од декември, но стана особено популарна во последно време поради одредени стрипови, кои се многу споделувани на интернет.

Убавината на стриповите, пишува Guardian, е што дијалогот на Калвин е многу малку изменет, или оставен како што е оригиналот. Калвин е 6-годишно дете, а голем дел од нештата кои ги кажува можат да се поврзат со кампањата на Трамп. Тоа е и единственото правило на корисниците на Reddit кои придонесуваат на темата – стрипот на кој ја додава главата на Трамп мора да содржи нешто што Трамп навистина би го кажал. Текстот може да се измени текстот сосема малку, за да го нема името на Калвин, или да се избришат одредени зборови.

„Забавувајте се и трудете се да не мислите лошо за Калвин. Тој има само шест години. Трамп оди кон 70 и се уште не пораснал“, додаваат.