Документарниот филм „Avec l’amour“ победник на Филмскиот фестивал во Нанси

Документарниот филм „Avec l’amour“ („Со љубов“) на Илија Цветковски е победник во натпреварувачката селекција на Европскиот документарен филм, во рамки на 24. Меѓународен филмски фестивал во Нанси.

Жирито на меѓународниот филмски фестивал од Нанси, составено од француските режисери Мануел Санчез, Вансан Фроели и Селин Пјер, едногласно го избраа за победник документарецот на Цветковски. Станува збор за приказната на пензионираниот професор по биологија Дионис Пашлаков од Неготино и неговата страст за олдтајмери.

Меѓународниот филмски фестивал од Нанси, чиј претседател и главен селекционер од 2013 година е Тони Гламчевски, годинава се фоксира на новитетите од балканската кинематографија.

Фестивалот завршува вечерва со прекцијата на најновото остварување на Владимир Блажевски „Годината на мајмунот“.