Доктори без граници: Напливот на бегалци може да го претвори Белград во „новата Џунгла“

Околу две илјади бегалци се заглавени во Србија на температури од -16 степени, без вода и санитарни услови за живот, предупредуваат од Доктори без граници.

Напуштените и премрзнати бегалци, заглавени на суровата зима, можат да придонесат до тоа Белград да стане „новото Кале“ за бегалците и мигрантите оставени на себе од европските власти, велат од хуманитарната група.

Деца на само осумгодишна возраст се мачат да преживеат на ниските температури. Во белградската клиника поставена од Доктори без граници, докторите се справувале со смрзнатини и изгореници и вдишување на токсичен чад, бидејќи луѓето горат што ќе најдат за да се стоплат.

Доктори без граници проценува дека околу 2000 луѓе живеат во напуштените складишта и други згради околу главната автобуска станица во Белград. Околу половина од пациентите кои ги лечеле, велат, имаат помалку од 18 години.

„Србија ризикува да стане „отпадна зона“, ново Кале каде луѓето ќе останат напуштени и заглавени“, предупредува Андреа Конта, директор на хуманитарни акции на Доктори без граници за Србија.

Иако Србија не е членка на ЕУ, се граничи со неколку земји кои се дел од унијата, меѓу кои Унгарија, Бугарија и Романија. Поради тоа, стана клучна транзитна земја за оние кои се надеваат да започнат нов живот во западна Европа.

Србија беше позитивно критикувана за третманот кон мигрантите, но зголемените броеви на заглавени луѓе таму ја „стегна“ граничната контрола и обезбедувањето. Иако сакаат да си одат од Србија, бегалците и мигрантите најчесто се со месеци таму.