Доделени дипломите за завршен веб – курс на учениците од сиромашни семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се реализираше проектот наменет за лица од социјално загрозени семејства. Во рамките на овој проект, учениците на возраст од 16 до 18 години од оваа социјално ранлива категорија имаа можност бесплатно да стекаат знаења и вештини за веб програмирање.

Доделени дипломите за завршен веб - курс  на учениците од сиромашни семејства

Основната цел на курсот со работен наслов „Learn the web“беше оспособување на учениците самите да креираат едноставна веб – страна, како поттик при нивната определба за нивното идно образование и кариера или како потенцијален извор на приход во иднина, посочуваат од Универзитетот.

Доделени дипломите за завршен веб - курс  на учениците од сиромашни семејства

Студентите на Универзитетот за информатички науки и технологии, во улога на предавачи на курсот, во текот на изминатите 5 месеци, несебично и на исклучително креативен начин го споделуваа своето теоретско и практично знаење, стекнато не само во текот на студиите туку и преку работа на практични веб проекти.

„Беше голема привилегија и уште поголемо искуство да се креира наставната програма и насоки за овој курс. Програмата за курсот ги водеше учесниците низ основите потребни за дизајнирање и програмирање на модерни веб страни, како и за идентификување на побарувањата на потенцијалните клиенти. Сите студенти кои го посетуваа курсот беа успешни и резултатот беше создавање на целосно функционални веб страници од страна на секој учесник“ – вели Вилијам Асиама – предавач на курсот.

Проектот се спроведуваше во соработка со Црвен Крст Охрид, чиј тим беше одговорен за повикот и регрутацијата на учесниците на курсот.