Добрила и Дориан го издадоа „Апокриф“ под етикетата на „Скопје џез фестивал“  

„Во екот на масовната естрадизација на македонската музичка култура, која не е само така спонтано излезена туку очигледно ужива и поддршка од највисоките институции кај нас, вакви изданија се многу ретки“.

Ова се зборови на Оливер Белопета, првиот човек на „Скопје џез фестивал“ под чија капа вчера беше промовиран „Апокриф“, албум на дуото Добрила и Дориан.

Добрила од македонската публика е претпознатлива по „Чалгија саунд систем“, а Дориан како основач и член на „Стринг форсис“ и на „Чалгија саунд систем“.

Дориан и Добрила / фото: Фејсбук – Скопје џез фестивал

Нивната музика е вкоренета во македонските традиции, но истовремено се вклопува во созвучјата на т.н. музика од светот (world music).

Албумот содржи седум традиционални композиции од македонското музичко поднебје, во аранжман и изведба на тандемот Грашеска/Јовановиќ. Дизајнот на обвивката е на Зоран Кардула.

Првиот сингл од албумот е за песната „Стојан ми болен легаја“.