„До балчак“ ќе биде кандидат за „Оскар“, екипата ги бара хонорарите на суд

Друштвото на филмските професионалци на Македонија соопшти дека новиот филм „До балчак” на режисерот Столе Попов е единствениот пријавен македонски кандидат кој би учествувал во трката за „Оскар“ од неанглиско говорно подрачје.

Комисијата во состав Роберт Насков, продуцент и претседател на ДФПМ, Димитар Попов, директор на фотографија, Вардан Тозија, режисер, Иван Бартлинг, сценограф, и Горан Игњатовски, дизајнер на шминка/маска, ќе одлучува дали филмот ќе ја претставува Република Македонија во конкуренцијата за Оскар од неанглиско говорно подрачје, соопштија од Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

„До балчак“ ќе биде кандидат за „Оскар“, екипата ги бара хонорарите на суд

Филмот го следеа проблеми за време на продукцијата, а снимањето беше продолжено за седум недели. Дел од луѓето кои учествуваа во снимањето се жалат дека не им биле исплатени хонорарите и најавија дека правдата ќе ја бараат на суд.
„Агенцијата за филм не може да даде дополнителни средства бидејќи филмот добил 2,5 милиони евра, а за да се заврши постпродукцијата, со банкарска гаранција со меница, на копродуцентот му беа доделени уште 30 милиони денари, категоричен е директорот на Агенцијата Башески. Решението ќе се бара на кино – благајните.„Договоривме сите пари кои што ќе се заработат да се исплатата на сметката на продуцентот, а сите оние коишто тужеле и добиле и во моментов ја блокираат жиро-сметката на продуцентот ќе можат да си ги наплатат своите средства. Колку ќе заработи филмот и како ќе заработи, никој не знае, како што и не знаеме колкави се вкупните долгови, кој тужи, кој има или нема право тоа да го направи“, вели директорот на Агенцијата за филм.„Субјективни пречки, постпродукциски, но и реални проблеми поради жешкото лето“, според режисерот Столе Попов направиле „До Балчак“ да го пробие терминот за снимање за седум недели и зад себе да го носи багажот на дел неисплатена екипа и судски процеси за да си ги исплатат парите за дополнителната работа на филмот.„Точно е тоа дека имаше извесни проблеми за време на снимање на филмот, имаше и недоволно промислени организациски зафати“, потврди режисерот Попов.„До Балчак“ доби вкупно три милиони евра државни пари. Филмот ќе ја има својата премиера во Битола, на Фестивалот „Браќа Манаки“, на 14 септември. Во октомври, по скопската премиера, тој ќе влезе во редовната кино-програма низ Македонија.