ДИК ги објави спорните 39 502 гласачи

Државната изборна комисија на својата веб-страница го објави списокот со имињата и со презимињата на 39 502 гласачи кои се сметаат за спорни. Спорни гласачи има во 53 општини, а најголем дел се во Чаир, Тетово и во Карпош. Овие лица имаат рок од 25 дена да се пријават во ДИК и да се запишат во избирачкиот список.

Пријавувањето ќе се врши лично, со лична карта или пасош, во ДИК или во подрачните одделенија и во дополнителните одделенија на ДИК секој ден од 8.30 до 19 часот од денеска до 16 август.

По истекот на овој рок, ДИК има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.

Освен лично, пријавување ќе се врши и преку посебна електронска апликација поставена на веб-страница на ДИК, на која треба да се прикачи скенирана фотографија од лична карта или пасош.

Списокот е објавен и во подрачните одделенија на ДИК и во месните канцеларии на Министерството за правда, односно Управата за водење матични книги. Јавениот повик за пријавување на гласачите е објавен и преку Министерството за надворешни работи во дипломатско конзуларните претставништва.