Дигитален споменик: Robin Williams доби лик во World of Warcraft

Дигитален споменик: Robin Williams доби лик во World of Warcraft

Компанијата Blizzard заврши со создавањето на дигиталниот споменик на неодамна починариот актер Robin Williams, кој беше страстен играч на World of Warcraft. Веќе се појавија и првите видеа и слики на дигиталниот лик на легендарниот комичар во популарната игра.

Дигитален споменик: Robin Williams доби лик во World of Warcraft

Изборот за ликот кој ќе го овековечи актерот падна на улогата на Williams од цртаниот филм „Аладин“, каде тој ја играше улогата на забавниот и симпатичен дух од ламбата. Се разбира, ликот е прилагоден на универзумот на World of Warcraft. Духот ќе се појави во следната експанзија „Warlords of Draenor“, а играчите ќе можат да го повикаат со протривање на ламбата на островот Таладор.

Извор