Некои кениски училишта ќе останат отворени за време на празниците, за да понудат сместување за стотици девојки кои се плашат дека нивните семејства ќе ги принудат на генитално осакатување ако си одат дома.
Училиштата вообичаено се затворени повеќе од еден емсец за божиќниот распуст, но овој пат ќе останат отворени. На наставниците им е кажано да ги остават зградите отворени и да одржуваат часови.
Опасноста од женско обрежување станува поголема околу Божиќ, бидејќи е време за ритуали на иницијација во многу заедници, јавува ВВС.
Обрежувањето беше забрането во 2011, а Кениската асоцијација на женскиот парламент го опиша тоа како „храбар чекор кон правата на жените“.
Но, управителот на еден округ во Кенија, Брајан Нџеру, кој ги претворил сите училишта во приемни центри за девојки преку празниците, вели дека процедурата се уште се обавува во тајност.
„Ова е длабоко вкоренет проблем за кој е потребно време сосема да се искорени“, вели тој.
„Денес нема церемонии со кои се слават девојките кои биле генитално обрежани. Многу е тајно, а поради тоа е многу тешко да се приведат оние кои стојат зад тоа“, додава Нџеру.
Сепак, позитивна страна е што бројот на девојчиња кои се запишале во основно и средно училиште после забраната се зголеми повеќекратно.