Деветмина починати и 476 нови случаи на Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале девет лица, односно, четири пациенти од Скопје на 53, 67, 68 и 74 години и по едно лице од Прилеп на 68 години, од Велес на 75 години, од Охрид на 72 години, од Струмица на 81 година и еден пациент од Кочани на 63 години.

Во последните 24 часа се потврдени 476 нови случаи на Ковид-19, односно, регистриран е 221 случај во Скопје, по 31 случај во Прилеп и Кавадарци, 24 во Охрид, 23 во Велес, 20 во Куманово, 12 во Тетово, 11 во Тетово, девет во Делчево, по осум во Струмица, Кочани, Гевгелија, Неготино и Ресен и седум случаи во Крива Паланка.

Потоа, по шест случаи на Ковид-19 се регистрирани во Гостивар и Кичево, по пет во Штип, Струга, Пробиштип и Крушево, по два во Радовиш, Берово, Виница, Валандово, Демир Хисар и Кратово и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Дебар и Дојран.

Регистрирани се 407 оздравени пациенти, однсоно, од Скопје – 176, Охрид – 36, Тетово – 29, Куманово – 22, Струга – 19, Велес – 18, Гостивар – 15, Кичево – 12, Струмица – 11, Дебар – 10, Битола и Кавадарци – по 7, Штип и Гевгелија – по 6, Берово – 5, Кратово – 4, Кочани, Свети Николе, Ресен и Пробиштип – по 3, Прилеп, Неготино, Крива Паланка и Виница – по 2, Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод и од Крушево – 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95.347, бројката на оздравени пациенти е 85.846, на починати е 2.955, а бројот на активни случаи изнесува 6.546“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 474.280 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.863 тестови.