Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-14, Прилеп-11, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-6, Кавадарци-1, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-3, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Пехчево-1, Берово-1, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-3.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 167, позитивни и сомнителни на Ковид-19.