Детски цртеж од средниот век покажува дека децата отсекогаш мечтаеле

Во Новгород, еден од најголемите историски градови во Русија кој се пронајдени илјадници цртежи и документи напишани на материјал изработен од кора од бреза, кои се зачувани и во речиси перфектна состојба.

Историчарите претпоставуваат дека има 20000 слични примероци кои треба штотуку да бидат ископани од слој на глина, кој не пропушта кислород и поради тоа се зачувани. Меѓу овие документи, има и цртежи на седумгодишно дете, кои покажуваат дека детската имагинација и игривост се универзални за целата човечка историја.

Цртежите датираат од околу 13-тиот век, а ги нацртало момче со име Онфим. Мечтаењето и приказните полни со хероизам биле дел од лекциите за пишување на ова дете, кое се нацртало себеси како воин со меч и копје, веднаш откако ги напишало првите 11 букви од азбуката во горниот десен агол. При подетално набљудување, може да се види и коњот кој го „јава“ херојот кој го гази неговиот противник.

Имагинацијата на седумгодишниот Онфим не е ограничена само на неговото самоприкажување како херој. На други цртежи се опишал себеси како „див ѕвер“. На тој цртеж има и порака „Поздрав од Онфим до Данило“, а Данило е веројатно негов соученик.

На друг цртеж, Онфим ги нацртал своите родители, слично како што децата денес ги цртаат своите родители во градинка.

Извор: Realm of History