Десетто издание на фестивалот Reworks во Солун

Во текот на еднодецениското постоење на  Reworks фестивалот во Солун, Грција, овој уметничко-музички настан еволуираше во еден од подобрите европски фестивали кои традиционално се одржуваат во текот на месец септември.

Untitled

Оваа година Reworks фестивалот ќе се одржи третата недела на месец септември. Самото отворањето е закажано во среда, на 17 септември со настап на Max Richter во Солунската концертна сала. Овој настан, според организаторите, ќе биде од отворен карактер и ќе може да го посетат сите заинтересирани. Викендот што следи, од 19 до 21 септември се најавуваат настапи на повеќе од 40 изведувачи кои ќе настапат во 3 вечери. Случувањата се организирани на повеќе од 6 локации кои ќе овозможат различна музичка понуди и ќе го подигнат адреналинот кај присутните музички фанови.

Помеѓу настапувачите годинава  Reworks  ќе допатуваат : Flooder & Bazel, Nina Kraviz, Ben Klock, Fritz Kalkbrenner, Nice7, Heidi, Magda, Viton, Henrik Schwarz, Nightmares on Wax, Alex Dimou…

Целата програма и листата на изведувачи со конкретните локации за нивните настали може да ја погледнете на официјалната интернет страница на фестивалот.

Александар Стојановски