Денеска се регистрирани 400 нови случаи на Ковид 19, починати се 11 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-28, Тетово-16, Прилеп-14, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-14, Охрид-12, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-7, Кочани-5, Кичево-8, Гевгелија-1, Неготино-2, Дебар-10, Ресен-4, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-8, Пробиштип-6, Македонски Брод-2, Крушево-2, Македонска Каменица-1, Демир Капија-2.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53г.), еден пациент од Битола (66г), од Струмица (70г.), Кавадрци (55г), еден пациент од Струга (77г), еден од Кочани (71г) и еден од Пехчево (71г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-4, Тетово-3, Прилеп-1, Гостивар-5, Штип-2, Битола-4, Велес-3, Струмица-2, Кавадарци-1, Кочани-12, Кичево-2, Гевгелија-1, Дебар-1, Радовиш-13, Делчево-1, Пробиштип-3, Македонска Каменица-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683. Најмногу активни случаи има во Скопје 7352, Тетово 481,  Куманово 479, Кавадарци 412 случаи.

Направените 2327 теста се преку: ИЈЗ-455, ЦЈЗ Скопје-38, Авицена-235, Биотек-290, МАНУ -139, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Систина со PCR метода -189, лабораторија Лаор –90, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -642, УК Пулмологија со алергологија –6, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 434.568 тестирања на Ковид -19.

Инаку, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 359 пациенти позитивен и суспектен на коронавирусот. Вкупно 283 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 30 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 40 во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 13 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 13, Кавадарци 22, во Гевгелија 7 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Од МЗ предупредуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 620 и има околу 621 празен болнички кревет во ковид центрите.