Музичарот Антоние Весковски, денес со својот настап во почеток од 7 часот, ќе го отвори првото издание на фестивалот „Skopje drum fest“. Фестивалот е организиран од страна на здружението за поддршка на тапанари во Македонија, а ќе се одржи во Младинскиот културен центар.
На првото издание на фестивалот ќе учествуваат тапанарите Виктор Флиповски, Влатко Нушев, Драган Теодосиев и Александар Ванчовски.
Билетите за настанот се бесплатни, а поради ограничениот капацитет, тие ќе може да се подигнат или телефонски да се резевираат во Билетарата на МКЦ.
Фестивалот ќе биде спроведен согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се распродадени, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.
Настанот ќе биде проследен со стриминг за сите оние кои не можат да присуствуваат.