Денес се отвора Skopje Design Week 2016

Изложби, работилници, натпревари во готвење, претставување на млади балкански дизајнери и музички концерти се дел од програмата на овогодинешната Скопска недела на дизајн.

Вечерашното отворање на шестото издание на фестивалот ќе биде одбележано со изложба на дизајни од земјата во фокус оваа година – Австрија. Присутни ќе бидат претприемачи, архитекти, дизајнери, фотографи и уметници од Скопје и Македонија, па фестивалот е одлично место за поврзување и наоѓање нови контакти во сферата на дизајнот.

Подоцна следува концерт на E-play од Белград. Бендот е основан во 1998 година, а има уникатен музички стил со влијанија од различни жанрови, како рок, даунтемпо, трип хоп, драм ен бејс.

Комплетната програма на фестивалот може да се најде на следниот линк.