Деканот на ФИНКИ: факултетот не донел одлука сите професори да протестираат

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) Димитар Трајанов реагира на објавите во некои медиуми кои се повикуваат на изјава од проф. Игор Трајковски дека Наставно-научниот совет одлучил сите професори да учествуваат на утрешниот протест.

Еве го целото соопштение на деканот:

Ја информираме јавноста дека Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) не донел ваква одлука. Па оттаму изнесениот став во дел од медиумите не е официјален
став на Факултетот.

Оттаму,апелираме од воздржување за изнесување на поеинечни ставови и нивно претставување како официјален став на целиот колектив на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ)

Поздрав,
вон. проф. д-р Димитар Трајанов
Декан на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
Универзитет “св. Кирил и Методиј” – Скопје

Според професорот Игор Трајковски, кој ја објави веста на својот Фејсбук профил, забуната се случила поради тоа што тој напишал дека веста е „од Наставно-научниот совет“, што алудирало на тоа дека се работи за официјална одлука на ННС на ФИНКИ, што не е точно. Сепак, сите професори се изјасниле дека самоволно ќе дојдат на протестот на студентите, дури и да нема таква одлука на Наставно-научниот совет, вели Трајковски.