Дејвид Линч потенцијално работи на нова серија на „Нетфликс“

Серијата со наслов „Вистерија“ е новиот работен наслов на режисерот познат по „Блу велвет“.

Дејвид Линч не ги остави на „цедило“ своите обожаватели за време на пандемијата – режисерот започна да објавува „дневни метео вести“, а истовремено јавно ги претстави и двата свои стари проекти вклучувајќи ги „Пожар“ од 2015 година и „3Р“ од 2011 година.

Некаде на почетокот на септември оваа година, Линч сугерираше дека глобалната пандемија ги стопирала моженостите за снимање на нови изданија. Според тогашната изјава,  тој требало да работи на филм или продолжение доколку светот не преживуваше смртна болест.

Но, сега јавно се потврдија нови информации за потенцијално нов серијал на „Нетфликс“, кој засега има работен наслов „Вистерија“.

Според добиените информации, се очекува снимањето на серијата да започне во мај 2021 година. Серијалот неофицијално е напишан од Линч, а ќе биде продуциран од страна на неговата долгогодишна соработничка Сабрина С. Сатерленд.

Новата серија на Девид Линч беше тема на разговор откако тој беше забележан во канцелариите на „Нетфликс“ во 2018 година. Рано годинава Линч го претстави својот нов краток филм на платформата – „Што би направил Џек“, експериментално издание во кое улоги имаат Дејвид Линч и мајмун кој пее балади.

Извор: Dazed&Confused