Дејвид Боуви оставил многу музика, ќе се издава со години

Рок легендата Дејвид Боуви планирал по неговата смрт постепено да се издава „долга листа“ со музика која неговите фанови досега не можеа да ја слушнат. Според информациите, првиот постхумен албум на Боуви ќе излезе пред крајот на 2017 година, а музиката на „камелеонот“ ќе може да биде на врвовите на топ листите со години.

Идните изданија ќе се состојат исклучиво од никогаш неслушната музика на Боуви, со песни и од 70-те години на минатиот век, период кој се смета за најкреативниот во блескавата кариера на уметникот. Можноста за нови албуми на Боуви дава уште еден увид во нивото на детали со кои тој планирал што ќе се случува по неговата смрт.

Според толкувањата и сведоштвата на неговите пријатели, Боуви ја гледал својата смрт само како уште еден лик во кој тој се трансформира, а периодот по смртта – како уште една, последна фаза од неговата мисија.