Децата преземаат владин состанок на високо ниво „За децата, од децата – иднината на образованието“

На Светскиот ден на детето 20 ноември, младите ќе имаат можност да преземаат владин состанок на високо ниво на кој ќе ги презентираат своите ставови за едно од најитните прашања: Да се преосмисли иднината
на образованието и да се создаде уште подобро образование по ковид-19.

Со младите луѓе се идентификувани шест теми на кои ќе се дискутира на онлајн состанокот: Квалитетно предавање; Намалување на дигиталниот јаз во образованието; Ментално здравје и меѓуврсничко насилство во образованието; Вештини за учење наспроти памтење факти; Еко-училишта и Квалитетно и инклузивно образование.

Владината средба ќе се одржи на 20-ти ноември во 11:00 часот и ќе биде пренесена во живо на следните линкови:

Пренос во живо на македонски јазик:
https://youtu.be/wm2M67NJZCw
Пренос во живо на албански јазик:
https://youtu.be/0cmprUP1LIU

Сите млади лица се поканети да се придружат на владиниот состанок со своите коментари и прашања кои ќе можат да ги постават во живо.

На средбата ќе присуствуваат претседателот на Владата г. Зоран Заев, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за животна средина Насер Нуредини, министерот за здравство Венко Филипче, претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција Ди Џовани и шефот на делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир. Тие заедно со шест младински застапници ќе зборуваат за иднината на образованието во Република Северна Македонија.

Настанот го прават Владата на Република Северна Македонија, УНИЦЕФ и Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Младински образовен форум.