Деби Рејнолдс, актерка и холивудска икона, најпозната по улогите во филмовите Singin’ in the Rain и The Unsinkable Molly Brown, почина во средата. Имаше 84 години.
Рејнолдс доживеала срцев удар и беше однесена во болница, каде што починала неколку часа подоцна, само еден ден откако нејзината ќерка Кери Фишер, почина на 60-годишна возраст.
Откако беше објавена смртта на Рејнолдс, Тод Фишер, нејзиниот син, објави дека послед ните зборови и биле: „Многу ми недостига. Сакам да бидам со Кери“.
Carrie Fisher watching her mother Debbie Reynolds on stage, Las Vegas 1963 pic.twitter.com/1gbNBeSO6M
— Indy Film (@TheIndyFilm) December 29, 2016
Рејнолдс е родена во Ел Пасо, Тексас, а се преселила во Калифорнија на 16 години. Била избрана за убавица на натпревар во Бурбенк, каде била забележана од извршните директори на продукциската куќа Ворнер Брадерс.
Со Ворнер снимила еден филм, пред да склучи договор со најмоќната продукција во тоа време, MGM. Во 50-тите била една од најславните холивудски ѕвезди, а на 19-годишна возраст ја одглумила својата култна улога во Singin’ in the Rain.
Во 1959 година се развела од таткото на Тод и Кери, Еди Фишер, откако се дознало за неговата афера со Елизабет Тејлор. Подоцна се омажила уште два пати, во 1960 и 1984 година.
Во интервју за NPR минатата година, Кери Фишер за својата мајка изјави дека е „неверојатно моќна жена и многу и се восхитува“.