Дебати, интервјуа и изјави од домашни и странски македонисти неделава на македонските радиодифузери

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од 5 до 11 февруари ја спроведува кампањата „Радио седмица на македонистиката“.

Кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по македонистика на странски универзитети, како и професори, предавачи, лектори и семинаристи на Четвртата зимска школа и Летните школи во Охрид.

Кампањата е поддржна од повеќе радиодифузери меѓу кои и најстариот електронски медиум Македонско радио, Прв програмски сервис МРА 1 каде содржини се емитуваат секој ден од 14 до 15 часот.

Кампањата има цел да ја афирмира македонистиката и дејноста на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје, актуелизирајќи ја 2024 за Година на македонистиката.