Дебата, перформанс и презентација на облека од текстилен отпад во Штип

Во Центар за млади (Центар за култура „Ацо Шопов“) во Штип утре (23 март) од 18 часто ќе се одржи настан со дебата за бизнис модели за употреба на текстилниот отпад, видео содржини од успешни приказни и моден перформанс.

„Целта на настанот е да се претстават модели како текстилниот може да се употреби како ресурс и да се даде додадена вредност на производот преку вклучување на ранливи категории на граѓани и заштита на животната средина“, се вели во најавата за настанот.

Настанот е дел од проектот „ 3 – Р (редуцирај, рециклирај, реупотреби)“ – Бизнис модели за употреба на текстилниот отпад.

Имплементиран е од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, а финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија и проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Штип“ имплементиран од здружение Ино Тех Клуб Штип, Фондација за развој на локалната заедница Штип и Универзитет Гоце Делчев Штип, а финансиски поддржан од ГЕФ ПМГ.