Дебата на тема „Правни последици од процесот на лустрација“ во ГЕМ клуб

Институтот за човекови права организира дебата на тема „Правни последици од процесот на лустрација“, која ќе се одржи во понеделник, (6 јуни), во Гем клуб, со почеток во 12:00 часот.

На дебатата ќе учествуваат Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд на РМ и проф. д-р Темелко Ристески, професор ФОН Универзитет, кои ќе зборуваат за управно правниот пристап на лустрацискиот процес.

По паузата, следува и обраќањето на Кристина Дода од Институтот за човекови права, која ќе ги нагласи последиците од лустрацискиот процес. Модератор на дебатата ќе биде Маргаритa Цаци Николовска, претседател на Институтот за човекови права, судија и потпретседател на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Дебатата е дел од проектот кој е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и негова цел е да се утврдат последиците од процесот на лустрација.