ЦУК: Активни се 12 пожари, 5 се под контрола

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, 5 се под контрола, а 16 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите кај с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските планини (Василево / Радовиш / Берово), во с. Бешиште, Бешишки рид, кон с. Градешница и крак кон границата со Грција (Прилеп), исто така во Прилеп – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани, во Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа, Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин, Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња, Зелениково – с. Гумалево, Крива Паланка – с. Нерав, Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце, Старо Нагоричане – с. Руѓинце, Василево 1 – с. Сушево и Василево 2 – с. Добрашинци.

Под контрола се два пожари кај Македонски Брод – с. Грешница и с. Латово, Струмица – с. Баница и населба Софилари, Карбинци – с. Јунузлија и Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце.