Црнците имаат 2,7 пати поголема шанса да бидат застрелани од полицијата отколку белците во САД

Црнците и домородните Американци се во 2,7 пати поголем ризик да бидат убиени од страна на полицијата во Соединетите Американски Држави, покажува ново истражување.

Истражувачите, кои разгледале 2285 смртни случаи предизвикани од полицијата меѓу 2010 и 2014 година, дознале дека кај мажите Афро-американската популација има висока стапка на смртност – 6,8 на еден милион жители. Кај домородните Американци, стапката е и малку повисока, 6,9.

За споредба, од мажите од Латино-американската заедница се убиени 4,1 на милион, од белците – 2,5 на милион, а најмалку напаѓани се Азијците и оние со потекло од островите од Пацификот.

Грижите и гневот поради полициската бруталност кон црнците во САД пораснаа после голем број на контроверзни случаи, како убиствата на Трејвон Мартин, Ерик Гарнер и Мајкл Браун, кои доведоа до протести на движењето Black lives Matter.

Професорот Џејмс Бјулер, кој го спровел истражувањето, вели: „Свесноста за овие разлики треба да охрабрува поголемо внимание и пронаоѓање на решенија за овој проблем“.