Човештвото денеска ги искористи расположливите природни ресурси како што се вода, почва и чист воздух за целата 2019 година, покажа извештајот на Мрежата за глобален еколошки отпечаток.
Еколошкиот долг постојано се зголемува, односно денот кога Земјата ги исцрпува годишните ресурси доаѓа се порано последниве 20 години. Годинава датумот е најраниот досега.
Потребни ни се 1,75 планети за да се произведат доволно ресурси за да се задоволат потребите на човештвото со тековната потрошувачка.
Ова значи дека човештвото во моментов ја користи природата 1,75 пати побрзо од што екосистемите на нашата планета може да се регенерираат.
Трошоците за овој глобален еколошки долг стануваат сè поочигледни во форма на уништување на шумите, ерозија на почвата, загуба на биодиверзитетот или создавање на јаглероден диоксид во атмосферата. Ова, пак, води кон климатските промени и почестите екстремни временски непогоди.
Во 1993 година, овој ден се паднал на 21 октомври, во 2003 година на 22 септември, а во 2017 година на 2 август.
Поединци можат да се вклучат со пресметување на сопствениот еколошки отпечаток на http://www.footprintcalculator.org.