Во 1951 година, 14-годишниот Џејмс Харисон од Австралија се разбудил од сериозна операција на градите. Докторите остраниле еден од неговите белите дробови и бил задржан во болница три месеци. Во текот на ова тешко време, Харисон останал жив поради трансфузијата на крвта што ја добил. Од тогаш, тој си ветил дека ќе донира крв.
Но, претходните закони во Австралија барале донаторите на крв да имаат најмалку 18 години, така што момчето морало да чека четири години. Сепак, Харисон си го одржал ветувањето. Донирајќи редовно на австралискиот Црвен крст во наредните 60 години, организацијата процени дека Харисон спасил милиони животи.
Откако Харисон станал донатор, докторите му соопштиле дека тој би можел да реши бројни смртни случаи.
„Во Австралија, се до 1967 година, буквално илјадници бебиња умираа секоја година, а докторите не знаеја зошто, и беше ужасно“, изјави Џема Фалкенмајр од Црвениот крст.
„Жените бројни спонтани абортуси и бебињата се раѓаа со оштетен мозок. Сега знаеме дека причината за тие ужаси е резус-фактор, состојба во која крвта на бремената жена почнува да ги напаѓа крвните ќелии на сопственото бебе“, појасни таа.
Докторите откриле дека Харисон има ретко анти-тело во неговата крв и во 60-тите тие почнале да соработуваат, користејќи го за да развијат инјекција наречена Анти-Д, која подоцна им помагала на овие жени да развиваат анти-тела.
Тие не знаеле зошто Харисон го има овој редок вид на крв. Нивна претпоставка е дека има врска со трансфузијата што ја добил кога имал 14 години.
Од организацијата, исто така, велат дека денес нема повеќе од 50 луѓе во Австралија кои ги имаат тие анти-тела.
„Секоја кеса крв е драгоцена, но крвта на Џејмс е особено извонредна. Секоја серија на Анти-Д инјекции кои некогаш биле произведени во Австралија дошле од крвта на Џејмс“.
„Повеќе од 17 отсто од жените во Австралија се под ризик, така што Џејмс помогна да се спасат многу животи“, вели Фалкенмајр.
Или, поточно, околу 2,4 милиони животи.
Познат како „Човекот со златната рака“, Џејмс Харисон ја даде својата 1 173 донација на крв – 1 163 од својата десна рака и десетта од својата лева.
„Понекогаш е непријатно кога велат ‘еј, ти го направи ова, или она, или ти си херој“, вели Харисон.
„Тоа е нешто што можам да го правам. Тоа е еден од моите таленти, можеби мојот единствен талент е да бидам донатор на крв“.
За неговата хуманост, Харисон бил награден со медал од австралиските власти во 1999 година.
„Јас ќе продолжев да го правам тоа ако ми дозволеа“, вели тој.
Но, Харисон ја надмина дозволената возраст за донирање и центарот за крв се обидува да го заштити неговото здравје. Минатиот петок. Харисон ја направи својата последна донација.