Од неформалната еколошка организација „Чист Охрид“ известуваат дека десетина вреќи со секаков вид отпад беа собрани од страна на активистите во месноста кај „Паднатите борци“.
Оттаму велат дека според гледката и собраниот отпад, месноста претставува собиралиште претежно за млади луѓе, но и за рекреативци.

Фотографија „Чист Охрид“
„Мораме да потенцираме дека целиот овој простор има недостиг од канти за одлагање отпад, кои тука се повеќе од потребни. Се надеваме дека во најбрзо време ќе се регулира овој проблем, но и дека посетителите одговорно ќе се однесуваат кон својата околина“, велат од „Чист Охрид“.
На 39 акција на здружението се вклучиле и неколку нови лица.

Фотографија: „Чист Охрид“