Четворица починати, 39 нови случаи и 48 оздравени од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирале 39 нови случаи на Ковид-19, четворица починале, а 48 пациенти се оздравени.

Направиле 817 тестирања, а новозаразените се регистрирани во: Скопје-7, Куманово-3, Прилеп-8, Тетово-2, Струга-2, Гостивар-11, Гевгелија-2, Кочани-2, Кратово-1, Свети Николе-1.

„На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примен е 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 40, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6  позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2 нови, вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент. Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Од четворицата почина, двајца биле пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите починале во болнички услови.

Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668. Од МЗ информираат дека денеска се евидентираат два контролни теста од вчера

Во однос на тестирањето, досега во земјата се направени вкупно 147.819, но се уште нема тестирања во рамките на скринингот.