Четворица параолимпијци ја истрчаа трката на 1500 метри побрзо од победникот на Олимпијадата

Во неделата, Фуад Бака од Алжир ја заврши трката на 1500 метри за само 3 минути и 49,59 секунди, на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро. И тој, и тројцата атлетичари пред него кои завчера се натпреваруваа на Параолимпијадата, имаат подобро време од добитникот на златен медал на Олимписките игри.

Доколку Бака завршеше со истото време на истиот стадион во август, ќе го победеше Метју Центровиц помладиот, кој го понесе златниот медал за тимот на САД. Центровиц го заврши финалето со 3 минути и 50 секунди.

За несреќа на Бака, тој не се натпреваруваше на Олимпијадата. Тој се тркаше на Параолимпијадата, каде дури тројца тркачи имаа подобро време од него.

Бала заврши на четврто место во трката на 1500 метри за мажи со оштетување на видот. Пред него заврши Хенри Кирва од Кенија (бронзен медал, 3:49,59), сребрениот медалист Тамиру Демисе од Етиопија (3:48,59) и златниот медалист Абделатиф Бака, кој е брат на четвртопласираниот Фуад.

„Не беше лесно да се добие овој златен медал“, изјавил Абделатиф. „Работев на тоа една или две години без застој и за мене беше многу, многу тешко“.