Четиримесечна стипендија за македонски новинари во САД

Отворен е повикот за стипендирање четиримесечен престој во САД за професионални новинари во периодот од јуби до октомври оваа година. Стипендиите се даваат во рамки на  „Програма за медиумски лидери во Македонија MMLP –  професионална програма за развој за новинарите и медиумските професионалци од земјава.

Четиримесечна стипендија за македонски новинари во САД

Избраните кандидати ќе добијат можност четири месеци да престојуваат во САД каде ќе работат во локален медиум, ќе добијат менторска помош, но и можности за мрежно поврзување со медиумските професионалци од САД.

Краен рок за пријавување е 24 јануари, 2014 година. Дополнителни информации за програмата, условите и начинот на аплицирање се достапни  на : www.irex.org/project/macedonia-media-leaders-program.

За повеќе информации, заинтересираните поединци може да се обратат на тимот на MMLP на mmlp@irex.org.