Синдикатите на повеќе новинари, техничари и други вработени во грчките телевизии за денеска најавија четиричасовен прекин на работата, а притоа и протест пред Парламентот.
Телевизискиот молк е планиран од 12 докај 16 часот, а протестот започнува триесетина минути после пладне.
Во протестот учествуваат телевизиите Алфа, Антена, Арт, Епсилон, Македониа, Мега, Скај, Стар, ЕРТ и Собранискиот канал.
Синдикатите бараат Владата „да го врати уставниот поредок“ и протестираат против затворањето на телевизиските станици. Исто така, бараат враќање на работничките и социјалните права и потпишување на колективни договори.