„Budokan Boys“ денес и утре настапуваат во Скопје

„Некои луѓе доаѓаат да свират. Други, да го изгубат умот на сцена. ‘Budokan Boys’ доаѓаат да ја испушат реалноста и да ја изгасат во твојот мозок“.

Вака стои во најавата за вечерашниот концерт (сабота, 8 ноември) во „Ла Кања“ на дуото „Budokan Boys“, кои, ден потоа (недела, 9 ноември), ќе настапуваат и во култното радио „Канал 103“.

„’Budokan Boys’ е музичкa авантура на Џеф Т. Бирд и Мајкл Џефри Ли, двајца бегалци од Њу Орлеанс кои најдоа прибежиште во Берлин и Атина. Нивните песни роварат низ осаменост, траума, заблуда и љубов со изопачена визија и брутален хумор. Настапите во живо се театар на хаосот: изместена електроника, бизарни приказни, валкан саксофон и пискава слајд-гитара. Гарантирано растројство или парите назад!“, стои во најавата.

Новиот албум на дуото може да се преслуша и поддржи ОВДЕ.
Клубот: https://www.budokanboys.club/

Концертот е дел од тековниот серијал на современа и експериментална музика, насловен: „ПРЕΔИЗВУК: од хаос до хармонија“.

Дизајнот на плакатот е на Кристијан Новковски.