„Будење“ во „Јавна соба“

Под мотото „Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!“, „Скала магазин“ ја претставува втората групна изложбена поставка на визуелни уметнички дела.

Изложбата ќе се отвори денес, на 27 ноември, во „Јавна соба“, со почеток во 20 часот.

На изложбата насловена „Будење“, свои дела ќе претстават Ана В’чкова, Ана Тодоровска, Гаја Смилевска, Ѓоргина Спасевска, Дејвид Стоилковски, Димитар Додовски,Евдокија Стаменковска, Ертунч Сали, Илчо Илиевски, Јана Матевска, Љиља Прентовиќ, Методија Јованов и Тамара Блажевска.

Надвор од отворениот конкурс свои дела ќе изложат и Андреј Павлов, дуото Антонио Станков и Кристина Крагујевска, Марко Вилиќ, Мартина Пенева и Марија Пејоска.

Од „Скала магазин“ информираат дека на конкурсот пристигнале 93 дела, односно ликовни дела, фотографии, графики и скулптури од 41 автор.

Селектори на изложбата се Дејан Џолев, главниот уредник на „Скала магазин“, Андреј Павлов, уредник на дизајн и фотографот Владимир Тасевски.