Најмалку 120 лица загинаа, a 160 се водат како исчезнати во катастрофалните поплави што го зафатија централен Тексас, во Соединетите Американски Држави, додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, пренесува Ал Џазира Балканс.
Хеликоптери и единици со кучиња-трагачи ги поддржуваат спасувачките екипи на терен во итна потрага по преживеани во услови на широко распространета штета.
Поплавите започнаа доцна во четвртокот и траеја до раните утрински часови во петокот, кога обилните дождови ја зафатија реката Гвадалупе, чие ниво на вода достигна повеќе од дванаесет метри.
Експертите наведуваат дека ова е најголемата поплава во областа од 1987 година.