Бројни настани за одбележување на Денот на Европската унија

Во ек се подготовките за одбележувањето на  64-тиот роденден на Европската унија. Само во Македонија ќе се одржат над 50 настани за роденденот на 9 мај.

EU -zname

Како дел од овие настани се прославата на Денот на европското знаме, Скопскиот маратон чие пријавување завршува денеска,  европскиот хепенинг во Скопје. Исто така  повеќе дебати, предавања, натпревари и културни настани ќе се организираат низ целата земја.

Локални прослави ќе се организираат во Дебар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Велес за да се прослави европската идеја на локално ниво.

Исто така и автобусот на ЕУ годинава повторно ќе патува низ земјата и ќе ги посети Чашка, Центар Жупа, Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане.

Одбележувањето на Денот на Европа е во организација на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Европското движење, амбасадите на земјите-членки на ЕУ и други локални институции.