Британските средношколци ќе учат за Russell Brand и Dizzy Rascal

Според најновите образовни реформи, предложени од министерот во конзервативната британска влада Michael Gove, во задолжителните материјали по предметот Aнглиски јазик и литература ќе бидат вклучени и изјави на Russell Brand за дрогата, твитови на водителката и колумнистка Cathleen Moran, интервју за BBC на раперот Dizzy Rascal,  направено од Jeremy Paxman ноќта кога Obama стана претседател на САД во 2008, како и книгата „Јас сум таен фудбалер” од анонимен автор, контроверзен опис на мрачните страни на фудбалската професија.

Владата смета дека на овој начин наставната програма ќе го вклучи современиот јазик во наставата и дека со тоа ќе се доближи  до реалниот живот и ќе ја поттикне креативноста на учениците. Предлог-програмата е составена од Oxford, Cambridge and Royal Society of Art (OCR), откаде велат дека познавањето на еден јазик не се состои само од владеење на неговата литературна варијанта, туку и на говорниот јазик и сленгот, кои до сега не биле земани предвид како релевантни за општата култура и образованието на учениците, туку  биле потиснувани. Секако, материјалите вклучуваат и потрадиционални текстови, како Шекспировите драми.

Но британското Биро за образование остро го коментира предлогот, напоменувајќи дека „училиштата треба да бидат свесни дека ако го понудат ова ѓубре наместо соодветниот материјал, тогаш учениците нема да влезат на добри универзитети”.

Текстовите на Russel Brand се всушност негово сведочење пред членовите на парламентот, каде тој изјавува дека забраната на дрогите воопшто не помага во спречување на зависностите и бара ревизија на политиките на оваа тема. Во интервјуто на Dizzy Rascal по повод победата на Обама, тој изјавува: „Мислам дека тој никогаш немаше да успее во ова без хип хопот”.

Извор