Велика Британија ќе зарази 90, внимателно селектирани. здрави луѓе со вирусот кој предизвикува Ковид-19 во прва научна студија од ваков вид во светот, со кој сакаат подетално да истражат вирусот.
Ова истражување ќе започне следниот месец откако доби дозвола од британските институции за клинички тестирања и етички прашања. Волонтерите ќе бидат на возраст од 18 до 30 години и ќе бидат изложени на вирусот во безбедно и контролирано окружување.
Првично ова тестирање планира да утврди која е најмалата количина на вирусот која е потребна да предизвика инфекција, да поттикне имунолошки одговор, а ќе се истражува и како вирусот се пренесува од човек на човек.
Учесниците ќе бидат мониторирани од научниците и доктори 24 часа на ден по изложувањето на вирусот. Тимот кој ќе го спроведува истражувањето вели дека ќе биде користен видот на Ковид-19 кој циркулирал во Британија претходната година, а не новите варијанти кои се појавија во последниот период.
Сите заинтересирани во Велика Британија можат доброволно да изразат интерес за учество во студијата на интернет страницата „Ковид-предизвик“.