Битолски ученички преку видеа објаснуваат зошто им е потребна медиумската писменост

Битолските ученички Александра, Ангела, Марија и Стефанија снимија четири видеа со кои на своите врсници и наставници ќе им помогнат да се едуцираат за тоа зошто не треба да се споделуваат лозинките од Тик Ток, како да се препознаат дезинформации, зошто не треба да се праќаат навредливи пораки…

Видеата се направени во рамки на проект наменет за млади кој би служел како отворени ресурси за дигитална писменост, а е реализиран од невладината организација „Callidus“ со поддршка на Фондацијата Метамоффозис и „TechSoup Europe“. Во рамки на проектот е направен и инфо-пакет со основни информации поврзани со медиумската писменост, како и примери на планови за лекции што би можеле да помогнат на наставниците како алатка за време на часовите кога предаваат на тема медиумска писменост.

Видеата со младите од Битола погледнете ги во продолжение: