Како дел од светскиот месец на дислексијата и потешкотиите во учењето, Здружението за дислексија „Ајштајн“ ќе го организира второто предавање од серијалот бесплатни предавања за дислексија. Онлајн предавањето ќе се одржи на 14 октомври со почеток во 18 часот на платформата „Зум“.
Предавањето ќе го води Славица Тасевска Николовска, тренер за корекција на на дислексија, дискалкулија и АДХД по светски познатиот метод на Рон Дејвис.
Поради ограничениот број на учесници, планирано е одржување на уште две бесплатни предавања од ваков тип.