Оваа недела во социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи бесплатен пазар на кој граѓаните ќе можат да си разменат веќе употребени, но се уште квалитетни производи.
Акцијата се состои од тоа што се носат работите кои повеќе не се од корист, а за возврат се зема нешто друго.
Организаторите ги замолуваат граѓаните да не ја злоупотребат акцијата.
Вишокот облека кој ќе остане од бесплатниот пазар, ќе се донира на здружението за поддршка на самохрани родители „Една може“.
Акцијата ќе започне во 15 часот, а ќе биде придружена со музика и освежување.