Берлински стартап нуди милион долари за одбрана на шумата Хамбах од индустријата за јаглен

Непрофитабилниот берлински технолошки стартап се понуди да ги купи преостанатите 200 хектари вековна германска шума за да ја спаси од уништување од изградба на рудникот за јаглен. Екозија се понуди да ја купи преостанатата шума од енергетската компанија RWE која планира да ги исече најголем дел од дрвјата.

Екозија – интернет пребарувачот кој го донира поголемиот дел од приходите од реклами за иницијативи за конзервација и го финансираше садењето на речиси 40 милиони дрвја ширум светот, и пристапи на енергетската компанија RWE со понуда од 1 милион евра за да се спаси преостанатиот дел од 12.000-годишната шума Хамбах во западниот дел на Северна Рајна-Вестфалија.

„Сметаме дека може да се најде фер помирување на интересите помеѓу RWE и активистите, и со нашата посветеност да го купиме преостанатиот дел, да ги следиме еколошките и општествените интереси на оние кои се обврзаа да ја штитат шумата и се посветија на заштита на природата“, му напиша Кристијан Крол, извршниот директор на Екозија, на шефот на RWE, Ролф Мартин Шмиц.

RWE не бараше купувач за земјата, за која се верува дека е купена во 1970-тите за околу 500.000 евра, пресметано во денешните пари. RWE планира да ја исече најголем дел од шумата, која се наоѓа во близина на Ахен, чии активисти со години се бореа за нејзиното спасување. Последниве недели тензијата се зголеми, бидејќи се соочија илјадници демонстранти и полицајци при што беа уништени голем број дрвја. Во една конфронтација новинар почина откако беше паднал од куќа на дрво.

Околу 50.000 демонстранти се собраа во шумата на мирни протести за време на викендот, побараа нејзино спасување, но и владата да го забрани лигнитот, познат и како кафеав јаглен, како извор на енергија и да ги забрза своите планови за постепено отстранување на зависноста на земјата од јаглен.

Минатиот петок регионалниот суд привремено и забрани на енергетската компанија да работи во шумата.

Конзерваторите побараа преиспитување на енергетската стратегија на земјата, истакнувајќи дека енергетските компании прават огромни профити – од околу 1,8 милијарди евра во приходи – со извоз на околу 80 теравати енергија во соседните земји.

[Фото] Германски активисти шест години ја бранат шумата Хамбах од индустријата за јаглен

Крол, кој ја основал Екозија во 2009 година, рече дека неговата компанија сакала да ја искористи отворената можност за давање на својата понуда, и подвлече дека за ова не бил мотивиран од публицитетот.

„Минатата година за првпат Германија произведе повеќе енергија од обновлива енергија отколку енергија од кафеав јаглен, и ова е насоката во која треба да продолжиме да работиме“, рече Крол.

Питер ван Мидвуд, службеник за садење дрвца на Екозија, ја нагласи необичната природа на шумата Хабах, широколисната шума, која се користи за да се типизираат повеќето германски шуми кои сега ретко се гледаат. „Некои од дрвјата во шумата се стари по 350 години и е дом на 13 загрозени видови”, додаде Ван Мидвуд.